Вајгл: Нема причина Македонија да не ги почне преговорите со Унијата
Предуслов за решавањето на проблемите е тие да се во некоја динамика. Ова, е можно, само доколку Македонија влезе во нова фаза во процесот на приклучувањто во ЕУ, што според Вајгл подразбира и конструктивна политика од Грција...

Нема причина зошто Македонија да не ги почне преговорите. Тоа е од интерес за Европската унија и за регионот. Вам ви се случува неправда, а Украина е пример кој покажува, како нерешените проблеми прераснуваат во конфликт. Ние како Европа, изјави новиот извествувач за Македонија во Европскиот парламент на стартот на мандатот, не треба да дозволиме ваквите проблеми да не дестабилизираат.
„Апсолутно е неприфатливо Комисијата шест последователни години да предлага преговорите да почнат, а ништо не се случува. Ова ќе биде мојот приоритет. Мислам дека Македонија треба да ги почне преговорите, а т.н. проблем со името да биде главна кауза во односите со вашиот сосед и треба да биде решен во духот- Македонија да биде во подобра позиција од онаа во којашто е сега“, изјави Вајгл
Предуслов за решавањето на проблемите е тие да се во некоја динамика. Ова, е можно, само доколку Македонија влезе во нова фаза во процесот на приклучувањто во ЕУ, што според Вајгл подразбира и конструктивна политика од Грција.
„Ќе ја посетам Грција и ќе разговарам со грчките политичари, зашто проблемот може да генерира нови проблеми, а тоа е нешто што никој не го посакува“, нагласи Вајгл.
Вајгл најави дека во неговиот вокабулар зборот ФИРОМ не постои и дека нашето уставно име ќе го користи независно дали е во Бисел или Атина. Имам разбирање за туѓите чувства, но останувам, изјави, доследен на својот став.
При првата посета на Македонија како известувач за Европскиот парламент најави дека се надева на успешна соработка.
Го познавам менталитетот и духот на овој простор. Го разбирам македонскиот јазик, а можам да го зборувам, рече само пеејќи некои од вашите песни.
Словенечкиот политичар во чиешто портфолио стојат амбасадорските функции, поранешен прв човек во словенечката дипломатија - кариерата ја започнал како новинар.
Виолета Димовска
