Светот годишно троши три билиони долари за корупција

04.12.2014 17:21

Антикорупциските кампањи како да не ги даваат посакуваните резултати...

Светот се бори со глад сиромаштија и војни, но паралелно го тресат корупциските скандали како во сиромашните, така и во земјите кои секојдневно бележат економски раст. Според аналитичарите, светот годишно троши три билиони долари за корупција. Антикорупциските кампањи како да не ги даваат посакуваните резултати.

Малиот Луксембург на 340 компании им овозможил да избегнат плаќање на данокот на добивка. Истражувањето на Меѓународниот конзорциум на новинари открило дека од Луксембург се повлечени повеќе стотини милијарди долари. Икеа, Амазон и Пепси се дел од корпорациите кои не плаќале данок.

Шпанската мистерката за здравство Ана Мато, поднесе оставка од функцијата откако беше откриен скандалот на нејзиниот поранешен сопруг, за разработена шема на донации од  богати бизнисмени за владеачката партија.

Турскиот Претседател е на удар на јавноста со изградбата на неговиот дворец, бидејќи се откри дека изведувачите заработиле над 1.000 пати повеќе од што вложиле. Најбрзо растечката економија Индија секојдневно е жртва на корупцијата во сите сегменти граѓаните не ни помислуваат да ја пријават плашејќи се за сопствената безбедност.

Според проценките на Светска банка,  годишно околу еден билион долари се трошат на мито, што е околу 12 отсто од вкупниот бруто-производ во светот и 30 отсто од средствата кои државите ги издвојуваат за развојна помош.

Македонија годинава напреднала за три места на листата за корупцијата и се наога веднаш зад Хрватска и Словенија. Зад нас се Турција,Бугарија , Романија и Грција.

 

Лидија Чакар