Подобри услови за работа, за информатичарите да останат во земјава
Како да се спречи одливот на мозоци од земјава? По скапото инвестирање во високото образование, се прават напори во земјава да се задржат младите стручњаци. Еден од главните предизвици е секако, висината на платата...

Бизнис секторот е засегнат од одливот на ИТ кадар. Многу млади информатичари ја напуштаат земјава и наоѓаат работа во светски познатите компании. На трибина заедно со Владата и техничките факултети побараа начини за зaдржување на мозоците.
„Веќе долго време ни несдостасува кадар“, тврди Саша Огненовски претседател на ИКТ комората при ССК.
На списокот на Агенцијата за вработување има 1.330 информатичари кои се водат како невработени, но и тие работат од дома за странски компании. За поголема конкурентност на домашниот пазар на трудот, Владата размислува да обезбеди средства за нивна дообука.
„Владата ја разгледува можноста да обезбеди дополнителни средства за дообука на 1.330-те невработени информатичари евидентирани во Агенцијата за вработување затоа што има голем број странски компании од секторот информатички комуникации кои доѓаат во Македонија и бараат таков кадар“, изјави министерот Иво Ивановски.
Годишно на техничките струки се запишуваат над 1.200 студенти. Од нив дипломираат 50 проценти. Секторот информатички технологии и комуникации учествува со 6 проценти во вкупниот БДП на Македонија.
Сунчица Николовска
