Саем за вработување: 65 фирми од Пелагонискиот регион понудија слободни работни места
04.12.2014 17:48
Двете фоаеја на Народниот театар во Битола беа претесни да ги примат оние што нудат и тие што бараат работа. 65 фирми од Пелагонискиот регион понудија солидна бројка на слободни работни места. Голем број невработени, со различна стручна спрема ги пополнија своите апликации. Оценките се едногласни- ова е убава можност да продолжи трндот на намалување невработеноста...

Понудата солидна, одзивот голем. Од оние кои штотуку дипломирале до оние кои без нивна вина го изгубиле работното место, или вечно сонуваат да се вработаат. За слободните работни места согласно со стручната подготвеност, поплнети апликациите што даваат надеж.
„Барам работа во делот на нутриционизмот, затоа што неодамна дипломирав на овој отсек на Техничко- технолошкиот факултет во Велес со дисперзирани студии во Битола. Правлната исхрана е значајна, па мислам дека ваквите саеми се одлична можност да добиеме можност да ги понудиме стакнатото знаење“, вели Маргарита Поповска.
„Од прд две години сум стечаен работник. Штотуку аплицирав, се надевам дека повторно ќе се вработам преку овој саем“ вели Аница Спирковска.
„Имам средно образование и аплицирав за работа во производство“, вели Аница Јованчевска.
На саемот се претставија 65 компании од Пелагонискиот регион од најразличен профил. Ваквата иницијатива ја поздравуваат. Велат ваквиот непосреден контак е можност полесно да се дојде до потребниот кадар.
„Во овој момент во нашата компанија има 20 слободни места“, вели директорот на текстилната конфекциј Мокел, Коле Каравски.
„Претежно работиме на меѓународниот пазар и моментално имама две слободни места“, вели претставничка од ИТ компанија.
Од свој аспек саемот интерсен и за приватните агенции за привремено вработување.
„Позитивно е и за нас затоа што на компаниите можеме за кусо време да им понудиме соодветна работна сила“, изјави Зоран Попчевски, сопственик на агенцијата Зета.
Предходните пет саеми ги дадоа првичните резултати, а уште многу CV- a се за разгледување. Втората важна компонента е младите да изберат вистинско образованиe кое ќе влијае на намалувањето на процентот на невработеност.
„Тоа е добра работа. Темелната посветеност овозможи во Битола од поранешните 17.0000, денес бројката на невработени да се движи окулу 6.700 лица“, рече градонацалникот Владимир Талевски.
Од нив 1.400 се со високо образование, а останатите со средно и основно образование.
Стевче Митревски
