Ховит: Бидете единствени кога се решаваат прашања од корист на целото општество
Последното обраќање на Ховит искрено и дипломатски одмерено. Во говорот имаше неколку поенти. Една од нив, дека Македонија одамна ги исполнила Копенхашките критериуми како услов за започнување на преговорите...

Повеќе разочаран отколку задоволен затоа што не постигнал повеќе од тоа што го постигнал, сега веќе поранешниот известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, ја предаде функцијата на должноста на следбеникот Иво Вајгл.
Последното обраќање на Ховит искрено и дипломатски одмерено. Во говорот имаше неколку поенти. Една од нив, дека Македонија одамна ги исполнила Копенхашките критериуми како услов за започнување на преговорите. Им порача на политичарите, да бидат единствени кога се решаваат прашања од корист на целото општество.
„Сите партии имаат одговорност за подобрување на функционирањето и легитимноста на самиот Парламент. За жал, сепак постои неуспех во политичкиот дијалог во оваа земја. Собранието се уште не е целосно од доверба, како форум каде што политичките разлики можат да се изразат. Гледам дека меѓу политичките партии има разлики и здравата демократија мора да дозволи изразување на разликите, но морам да предупредам дека секоја партија не смее да го надминува националниот интерес. Дадено ниво на консензус и взаемна почит за демократските стандарди е предуслов да се убеди меѓународната заедница дека земјата е подготвена да се движи напред“, рече Ховит.
Новиот известувач за земјава, на иста линија со претходникот. Основната задаче ќе му биде Македонија да остане во фокусот и да се отпочнат преговорите за влез во унијата.
Од утре Иво Вајгл ќе се бори во Европскиот Парламент земјава да стигне што подалеку на евроинтегративниот пат, но Ричард Ховит вети дека ќе остане известувач за Македонија во сенка.
Катерина Топалова
