Тетекс и Турново полуфиналисти
Иако загуби на првиот натпревар со 1-0 ,екипата на Tетекс на домашен терен со убедливи 5-0 славеше над Кожуф...

Екипите на Тетекс и Турново со победи во реванш-четвртфиналните натпревари од фудбалскиот куп на Македонија обезбедија настап меѓу надобрите 4 во најмасовното фудбалско натпреварување.
Иако загуби на првиот натпревар со 1-0 ,екипата на Tетекс на домашен терен со убедливи 5-0 славеше над Кожуф, додека Турново по победата со 5-0 во првиот натпревар денеска победи и во Боговиње во дуелот со Дрита со 1-0 за убедлив пласман во полуфиналето од купот.
Другите две реванш средби од четвртфиналето ќе бидат одиграни в сабота. Во Тетово Ренова со негатива 1-3 ќе го пречека Вардар, а РАботнички со 2-3 по првиот натпревар ќе игра со Горно Лисиче.
Куп на Македонија во фудбал
1/4финале-реванш средби
Дрита-Турново 0-1 (0-5)
Тетекс-Кожуф 5-0 (0-1)
Сабота:
Ренова-Вардар (1-3)
Работнички-Г.Лисиче (2-3)
