Размена
Лазаров најдобар десен бек во светот
04.12.2014 20:52
Во гласањето на спортски новинари и навивачи, Лазаров освоил безмалку двојно повеќе гласови од Марко Вујин и Ласло Наѓ...

Во изборот на реномираниот ракометен портал „Хандбал планет“, капитенот на нашата ракометна репрезентација Кирил Лазаров е избран за најдобар десен бек во светот за годината што останува зад нас.
Во гласањето на спортски новинари и навивачи, Лазаров освоил безмалку двојно повеќе гласови од Марко Вујин и Ласло Наѓ.
Најмногу гласови во изборот на идеален тим освоил Никола Карабатиќ, а место меѓу најдобрите 7 имало и за Ландин, Сигурдсон, Абало, Хансен, Агинагалде, додека Карлсон е избран за најдобар одбранбен играч.
