Ски скокови

Победа во Гармиш на Дитхарт за вечно паметење

01.01.2014 18:02

Скокови во Гармиш - 62 години традиција и синоним за уживање во првиот ден од Новата година. А има ли подобро време и место од први јануари и Гармишпартенкирген за дебитанска победа во Светскиот куп и тоа остварена на „Новогодишната турнеја четири скокалници“. Почетокот на 2014-та цел живот ќе го памети Томас Дитхарт.

21 годишниот Австриец триумфираше благодарение на скоковите од 141 и од 140 ипол метри со коишто собра 11 поени повеќе од сонародникот Томас Моргенштерн и од победникот на првата скокалница Швајцарецот Симон Аман. Дека е подготвен за триумф во елитното натпреварување, Дитхарт најави со поделбата на третото место во Оберсдорф и со најдобрите резултати на тренинзите во Гармиш. Денешниот распоред на подиумот е идентичен со моменталниот пласман на „Новогодишната турнеја“.

Во пресрет на двете натпреварувања во Австрија во Инсбрук на четврти и Бишофсхофен на 6 јануари, Дитхарт има 11 ипол бода повеќе од победникот од 2011-та Моргенштерн и 13 од Аман. Полскиот скокач Камил Стох кој денеска беше седми и натаму е лидер во Светскиот куп со 39 бода позитива во однос на Норвежанецот Андерс Бардал...