Орден за заслуги за Македонија за НУБ „Св. Климент Охридски“
05.12.2014 08:46
Орденот се доделува за исклучителни резултати на НУБ во собирањето, зачувувањето и презентирањето на македонското духовно творештво...

Во пресрет на патронатот и по повод 70 години од формирањето, Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денеска ќе добие Орден за за заслуги за Македонија од претседателот Ѓорге Иванов.
Орденот се доделува за исклучителни резултати на НУБ во собирањето, зачувувањето и презентирањето на македонското духовно творештво и придонесот во развојот на образованието, науката и културата, како и за севкупниот општествен развој на Република Македонија и нејзината афирмација во светот.
Претседателот Иванов ќе му го врачи високото признание на директорот на НУБ Иван Заров, на централна прослава на седумдецинискиот јубилеј која ќе се одржи во Библиотеката. На свеченоста ќе се обрати и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.
