Полицаец застрела невооружен афроамериканец во Феникс

05.12.2014 09:04

Откако допрел во еден од џебовите нешто што наликувало на пиштол, полицаецот кој е на возраст од 30 години пукал во Брисбен и го убил...

Полицаец застреал 34-годишен невооружен афроамериканец во градот Феникс во Аризона сметајќи дека е нарко-дилер. Полицијата соопшти дека инцидентот се случил на 2 декември кога полицаецот (белец) го задржал Ремејн Брисбен и побарал од него да види што има во џебовите.
 
Откако допрел во еден од џебовите нешто што наликувало на пиштол, полицаецот кој е на возраст од 30 години пукал во Брисбен и го убил. Во изјавата дадена во полицијата тој тврди дека тоа бил пиштол и дека животот му бил во опасност.
 
По претрес на автомобилот на убиенот, татко на четири деца, биле наводно пронајдени марихуана и автоматски пиштол.