Атлетика

Кипсанг - Ротич непобедлив во Сао Паоло

01.01.2014 18:03

Уште една спортска традиција опстојува долго. Веќе 89 години уличната трка во Сао Паоло ја испраќа старата и ја дочекува новата година. Кениецот Едвин Кипсанг - Ротич втора година по ред победува на 15-те километри познати како трката Сан Силвестре што е петти триумф во последните седум изданија на атлетичари од оваа африканска земја.

Кенијките пак, веќе петта година во низа доминираат на женската трка којашто почна да се одржува во 1975-та година. Ноќеска славеше Нанси Кипрон. Прват низ улиците на овој бразилски град во 1925-та година настапија само 48 атлетичари, додека 89-то издание собра 27500 учесници...