Двајца рудари повредени во рудникот Добрево
05.12.2014 11:21
Во рудникот, од засега непознати причини настанала експлозија при што повредени се четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип, информираат од СВР Штип...

Во експлозија што утринава се случи во рудникот „Индоминерали и метали“ во селото Добрево, Пробиштип, повредени се двајца рудари.
Во рудникот, од засега непознати причини настанала експлозија при што повредени се четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип, информираат од СВР Штип.
Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Штип.
Увид на местото на настанот вршат државен инспектор по рударство, трудов инспектор и јавен обвинител.
