Протести во Феникс по убиството на невооружениот афроамериканец
Во изјавата полицаецот тврди дека животот му бил во опасност. По претрес на автомобилот на убиенот, татко на четири деца, биле пронајдени марихуана и автоматски пиштол...

Полицаец застрелал 34-годишен невооружен афроамериканец во Феникс, Аризона. Инцидентот се случил на втори декември кога полицаецот белец го задржал Ремејн Брисбен и побарал од него да види што има во џебовите. Мислејќи дека има пиштол, пукал во Брисбен и го убил.
„Ние треба подетално да анализираме зошто полициските службеници се чувствуваат принудени да пукаат и да ги убијат осмничените. Тоа е спротивно на апсење и затвор“, вели адвокатот на семесјтвото Брисбен.
Во изјавата полицаецот тврди дека животот му бил во опасност. По претрес на автомобилот на убиенот, татко на четири деца, биле пронајдени марихуана и автоматски пиштол.
„Немаме обврска да го повлечеме од служба полицаецот, но имаме должност да го испитаме случајот“, изјавија од полицијата од Феникс.
Стотици афроамериканци вчера протестираа по улиците на Феникс поради полициската акција. Тие бараа да биде соопштено името на полицаецот и тој да биде изведен пред суд.
Инцидентот се случува во време на бран протести низ САД поврзани со убиства на други двајца невооружени афроамерикаци при слични полициски акции.
И во двата случаја полицајците нема да одат на суд.
