Невнимание при ракување со експлозиви- причина за несреќата во рудникот Добрево

05.12.2014 12:34

И двајцата рудари се свесни и контактибилни со медицинскиот персонал во болницата во Штип...

Вчера во 07:30 часот во рудникот Добрево се случи несреќа, каде двајца рудари беа повредени. Еден од нив се здоби со потешки телесни повреди, додека другиот има полесни повреди, но и двајцата се надвор од животна опасност, соопштуваат од „Индо Минерали и Метали Македонија“.

До несреќата дошло поради невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од рударите. И двајцата рудари се свесни и контактибилни со медицинскиот персонал во болницата во Штип.

„Индо Минерали и Метали Македонија“ се во постојан контакт со повредените рудари и ќе ја следат нивната ситуација се до нивното целосно заздравување.  

Надлежните се веќе на терен и ги преземаат сите потребни мерки за утврдување на причините за несреќата, соопштуваат од компанијата и додаваат дека остануваат посветена на грижата за сите вработени и ги прави сите потребни напори, со цел намалување на бројот на несреќи предизвикани од човечка грешка.