Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за образование и наука и Мировниот Корпус
Припадниците на Мировниот Корпус се присутни во Република Македонија од далечната 1996 година...

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, заедно со директорот на Мировниот Корпус Кетлин Кори во Македонија денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со кој уште еднаш се потврди успешната соработка меѓу македонскиот и американскиот народ.
„Министерството за образование и наука како и во изминативе 18 години, ќе биде силна поддршка на волонтерите кои ќе бидат дел од македонските семејства. Секогаш како и досега им стоиме на располагање на нашите американски пријатели со цел зајакнување на врските меѓу двата народа“, истакна министерот Адеми.
Припадниците на Мировниот Корпус се присутни во Република Македонија од далечната 1996 година, и од тогаш па сé до денес, повеќе од 500 доброволци на Мировниот Корпус соработуваа со нивните колеги од Македонија.
Волонтерите живеат и работат во локалните заедници две години. Работат и во урбани и во рурални средини, во региони каде што се зборува и македонски и албански јазик.
