Со филмот „Чекајќи го мај“ отворен четвртиот „Анимакс Скопје Фест“
Првиот фестивалски ден започна со утрински проекции на осум анимации за деца. Вечерта беше резервирана за повозрасната публика која уживаше во 100-минутна проекција во рамки на која беа прикажани 14 анимации од цел свет...

Филмот „The Wait Of May“ (Чекајќи го мај) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, во четврток вечер го отвори четвртото издание на Меѓународен фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“ што ќе се одржува до 6-ти декември во Кинотека на Македонија.
Првиот фестивалски ден започна со утрински проекции на осум анимации за деца. Вечерта беше резервирана за повозрасната публика која уживаше во 100-минутна проекција во рамки на која беа прикажани 14 анимации од цел свет.
Вчера беше прикажан и филмот „Конзо“ на единствениот македонски претставник, Иван Ивановски.
Организаторите на фестивалот, продукцијата „Аурипигмен“, велат дека се презадоволни од бројката на посетители кои вчера беа присутни во Кинотека на Македонија и од тоа што и во Македонија има љубители на анимацијата и препознавање на квалитетот на овој специфичен жанр.
Македонската публика и во следните два дена, 5-ти и 6-ти декември, ќе има единствена можност да ги проследи најдобрите и најнови филмови од светот на анимацијата .