Советот за странски инвестиции ќе ги поврзува домашните со странските компании

05.12.2014 12:47

Очекуван резултат од зголемената соработка меѓу странските и домашните компании е постигнување интегрирана економија, односно интегриран инвестициски систем...

Домашните компании ќе се поврзуваат со странските инвеститори кои работат во Македонија преку проектот што почнува да го реализира Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.  

Сите домашни компании кои имаат потенцијал да станат добавувачи на странските инвеститори кои работат во земјава може да се пријават до 26-ти овој месец и да добијат можност да се интегрираат во долгорочните производни процеси на странските инвеститори.

Очекуван резултат од зголемената соработка меѓу странските и домашните компании е постигнување интегрирана економија, односно интегриран инвестициски систем.

Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија брои над 110 странски компании, односно најголемите компании од различни земји и сектори со значителни инвестиции во Македонија, со најголемо учество во извозната структура, целокупното вработување и растот на националниот БДП.