Фудбал

Лигата на нациите ќе стартува во 2018 година

05.12.2014 12:52

Првопласираните од секоја дивизија во пролет во 2019 година би се нашле на завршнен турнир...

Реализацијата на идеата за Лигата на нациите почнува да се остварува. Новото натпреварување  под капата на УЕФА ќе започне во есента во 2018 година.Проектот кој беше во фаза на подготвка е прифатен од Извршниот одбор на УЕФА, а веќе е  составен  и календарот за одигрување. Планирано е селекциите да бидат поделени во четири дивизии  според рејтинг листата. А дивизијата со 12 репрезентации во моментов би ја сочинувале: Германија, Франција, Шпанија,Холандија,Италија,Англија, Португалија,Белгија,Чешка,Русија,Швајцарија и Хрватска.

Натпреварите би почнале во септември 2018 по системот секој со секого, дома и на гости. Првопласираните од секоја дивизија во пролет во 2019 година би се нашле на завршнен турнир. Последно пласираните репрезентации би се селеле во пониската дивизија.

Најуспешните во Лигата на нациите ќе обезбедуваат учество и во завршницата од Европските првенства. Конципирана е така, што им дава можност и на послабите селекции да изборат место на Еуропеото. Македонија според моментната, 39-та позиција на УЕФА ранкин листата би играла во Д дивизијата.