Со кредит на ЕБОР ќе се зајакнува регионалното транспортно поврзување
05.12.2014 13:16
Ќе се финансира завршувањето на 34 километарската пруга од железничкиот коридор што ќе ги поврзе брегот на Црното Море во Бугарија и брегот на Јадранското Море во Албанија кон Турција...

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит од 145 милиони евра за модернизација на железничата инфраструктура во Македонија.
Ќе се зајакнува регионалното транспортно поврзување. Ќе се финансира завршувањето на 34 километарската пруга од железничкиот коридор што ќе ги поврзе брегот на Црното Море во Бугарија и брегот на Јадранското Море во Албанија кон Турција.
Проектот чини 600 милиони евра.
