НУБ „Св. Климент Охридски“ доби Орден за заслуги за Македонија
05.12.2014 13:27
По седум децении од формирањето, во пресрет на патронот, ја одликува претседателот Ѓогре Иванов...

Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ доби Орден за заслуги за Македонија. По седум децении од формирањето, во пресрет на патронот, ја одликува претседателот Ѓогре Иванов.
Орденот се доделува за исклучителни резултати на НУБ во собирањето, зачувувањето и презентирањето на македонското духовно творештво и придонесот во развојот на образованието, науката и културата, како и за севкупниот општествен развој на Република Македонија и нејзината афирмација во светот.
