Уапсени 15 лица од Србија и БиХ под сомнение за воени злосторства

05.12.2014 13:57

Меѓу уапсените е и поранешен Генерал на Војската на Република Српска. Осомничените во 1993 година од воз на релација Белград- Бар извадиле 19 луѓе и ги убиле. Најмладата жртва имала 16 години...

Во заедничка акција на полицијата на Србија и на Босна и Херцеговина уапсени се 15 лица поради сомнение за воени злосторства во Штрпце. Меѓу уапсените е и поранешен Генерал на Војската на Република Српска. Осомничените  во 1993 година од воз на релација Белград- Бар извадиле 19 луѓе и ги убиле. Најмладата жртва имала 16 години.

Многу воени злосторници се се уште влијателни. Некои од нив се во бизнисот, политиката, полицијата или армијата. Тие не се незначителни“, изјави државниот обвинител на Босна и Херцеговина.

„Очекуваме жестока расправа во судницата, бидејќи сме сигурни дека тие не беа потполно сами во тој период“, нагласи Бруно Векариќ, српски обвинител за воени злосторства.

Истражителите за српските медиуми изјавија дека уапсените ќе треба да одговорат по чија наредба е извршено киднапирањето и убивањето на патниците од возот.