Ставрески: Граѓаните да ја искористат шансата за откуп на дворните места

05.12.2014 14:20

Во тек на годинава се поднесени 13.000 барања, а од почетокот на можноста за откуп вкупно 250.000...

Голем дел од граѓаните веќе ја искористија можноста за откуп и приватизација на дворното место, а оние кои не го направиле тоа можат да поднесат барања до 15-ти овој месец до подрачните единици на Управата за имотно правни работи, по исклучително поволна цена од евро за метар квадратен, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, апелирајќи до граѓаните да ја искористат можноста за поднесување барања. 

Во тек на годинава се поднесени 13.000 барања, а од почетокот на можноста за откуп вкупно 250.000. Рокот, како што рече Ставрески, беше продолжен со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните кои  од  различни причини не успеале навреме да поднесат барање.

Ако некој се уште не ја искористил апелирам да го направи тоа, бидејќи ќе нема дополнително пролонгирање на  рокот, нагласи вицепремиерот Ставрески.