Дефект на електричната инсталација најверојатно го предизвикал пожарот во „Коменски“

05.12.2014 14:48

Вработените ги изгаснале пламените јазици, а причинета е помала материјална штета...

Нема повредени во пожарот кој изутрината избувнал во подрумските простории во основното училиште „Јан Амос Коменски“.  Учениците веднаш биле евакуирани откако чадот почнал да се шири низ училиштето.

Вработените ги изгаснале пламените јазици, а причинета е помала материјална штета. Дефект во електричната инсталација најверојатно го предизвикал пожарот.

Екипите на МВР вршат увид и во текот на денот ќе излезат со повеќе детали.

Во училиштето учат околу 600 основци.