Кредити: Трендот на намалување на каматните стапки ќе продолжи, но со помала динамика

05.12.2014 15:00

За десетте месеци од оваа година кредитирањето пораснало за 7 проценти во однос на истиот период лани, што според банките е во корелација со растот на БДП...

Висината на каматните стапки е на историски најниско ниво и веќе се симна под 3 проценти годишно. Банкарите велат дека тоа е одраз на цената на капиталот и на конкуренцијата.

За в година трендот на намалување ќе продолжи, но со многу помала динамика.

„Намалување на каматите, најново на станбените кредити, е чиста економска логика. Веќе трета година е трендот на намалување, а ова најновото што се случи е одраз на цената на парите. Овој тренд на опаѓање на камати, веројатно и поради празниците, нема да продолжи со оваа динамика која беше во текот на 2014-та година“, изјави генералниот директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски.

За десетте месеци од оваа година кредитирањето пораснало за 7 проценти во однос на истиот период лани, што според банките е во корелација со растот на БДП. Дадените кредити на населението се поголеми од оние што се пласирани кај фирмите.