Спасов: Државниот инспекторат за труд ја проверува рударската несреќа во Добрево

05.12.2014 15:07

Државниот инспекторат за труд ја проверува настаната ситуација во рудникот Добрево и во текот на следната недела се очекуваат повеќе детали, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов...

Доколку се утврди било какво непочитување на законот ќе бидат преземени конкретни мерки против сторителот. Државниот инспекторат за труд ја проверува настаната ситуација во рудникот Добрево и во текот на следната недела се очекуваат повеќе детали, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

„Водиме интензивни контроли на рудниците низ државата и секое непочитување на законот не се толерира и согласно законот се изрекуваат парични казни или кривични пријави. Очекуваме во текот на следната недела да имаме повеќе информации за овој случај“, истакна Спасов.

Министерот Спасов најави дека ќе се направи реконструкција на случајот и дека ќе бидат ангажирани експерти кои ќе ги проверат и детектираат причините за несреќата.