Вељаноски - Вајгл: Функционалноста на Собранието важна за евроинтеграцијата
На средбата, Вајгл истакнал дека поддржува политички дијалог остварен преку институциите, пред се преку Собранието на Република Македонија...

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски оствари средба со новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Република Македонија Иво Вајгл. При средбата било искажано обострано задоволство за остварената средба како и надеж за добра понатамошна соработка, соопшти собраниската прес служба.
На средбата, Вајгл истакнал дека поддржува политички дијалог остварен преку институциите, пред се преку Собранието на Република Македонија.
Целосното функционирање на Собранието придонесува за градење на позитивна слика за државата како и на Европските интеграции. Тој укажа на одговорноста која ја носат политичките субјекти, а која ја добиваат на изборите од сите граѓани дека истата треба да биде реализирана преку институциите, во овој случај преку Собранието, истакнатал Вајгл.
Претседателот Вељаноски на средбата го искажал своето убедување во добрата намера на Европските институции поради досегашната голема поддршка во зајакнувањето на законодавниот дом односно во обостраната соработка и цел за подобрување во сите сфери на работењето, а како потврда на тоа е шестиот по ред извештај со позитивна препорака за отпочнување на преговорите.
