Потпишан меморандум за соработка меѓу МТСП и Мировниот корпус

05.12.2014 15:25

Мировен Корпус најави зголемување на бројот на волонтери којшто ќе работат во локалните институции и организации во рамки на програмата за развој на заедниците на Мировен Корпус...

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и директорот на Мировен корпус-Македонија, Кејтлин Кори потпишаа Меморандум за соработка со кој се предвидува зајакнување на соработката на двете страни.

Мировен Корпус најави зголемување на бројот на волонтери којшто ќе работат во локалните институции и организации  во рамки на програмата за развој на заедниците на Мировен Корпус.

„Волонтерите и волонтерството во секоја држава претставуваат огромен човечки потенцијал кој континуирано се мобилизира и кој поседува релевантно знаење и вештини корисни за заедницата“, изјави министерот Спасов.

„Целта на Мировен корпус е да го промовира светскиот мир и да гради нови врски на пријателства меѓу американскиот и македонскиот народ. Нашите волонтери поминуваат две години работејќи со соработници, живеејќи во локални семејства-домаќини, и стануваат дел од локалната заедница“,  нагласи директорката на Мировен корпус- Македонија, Кејтлин Кори.

Повеќе од 500 волонтери имаат служено во Македонија, и се очекува зголемување на бројот за 100 волонтери годишно.