Германски „Еуроактив“: Грција го блокира почетокот на пристапните преговри со Македонија
Порталот го користи нашето уставно и историско име и јасно и недвосмилено заклучува дека Грција го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ...

Лична цел на новиот еврокомесар за проширување Јоханес Хан е да помогне во надминувањето на „судирот на јазици“ меѓу Грција и Македонија, пренесува германското издание на ЕУ порталот „Еуроактив“, во рамките на интервјуто со Комесарот кое што го пренесуваат и грчките медиуми.
Во новинарското прашање порталот го користи нашето уставно и историско име и јасно и недвосмилено заклучува дека Грција го блокира почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.
„Како комесар за регионална политиика, имавте особено добри односи со Грција, која што го блокира отпочнувањето на пристапните преговори со Македонија. Дали ќе ја искористите својата политичка тежина за да ја поместите скалата во друга насока?“, е новинарското прашање на кое што еврокомесарот одговара:
„Да, имав многу блиски односи со Грција во времето кога бев комесар за рагионална политика. Ова е затоа што тие беа ’големото проблематично дете’ во тоа време и јас ја посетував земјата често за да ја поддржам и да ја следам имплемантацијата на реформската програма. Секако дека ќе ги искористам моите добри односи со Грција во однос на овој ’конфликт на јазици’. По 19 години неуспешни преговори, мора да бидат направени конкретни чекори за да се реши конфликтот кој што сериозно го отежнува пристапувањето на една од земјите“, е одговорот на еврокомесарот Хан.
Новиот еврокомесар, кој што се очекува да ја посети Македонија во јануари, вчера од Брисел ја повика македонската опозиција да се врати во врати во институцииите на државата, нагласувајќи дека сака да ги види политичките партии како водат политичка дебата во парламентот, а не надвор од него.
Марија Котовска - постојан дописник на МРТ од Атина
