Oбдукцијата ќе го даде одговорот како завршил животот на Aдил Сулејманов

05.12.2014 16:29

Резултатите од обдукцијата ќе го дадат точниот одговор на прашањето како завршил животот на Адил Сулејманов. Безживотнотпо тело на 23 годишниот жител на село Бузалково во камп приколка на семејниот плац во Велес вчера околу 12:30 го пронашол неговиот татко. Првичната истрага укажува на насилна смрт...

Првичните и сеуште неофицијални сознанија укажуваат дека 23 годишниот Адил е убиен. Од полицијата преку соопштение информираат дека истрагата е во тек. Се бараат одговорите кој и зошто, со нож два пати го прободелот Адил во пределот на градите.

По налог на Јавен обвинител телото на 23 годишниот Адил Сулејманов е предадено на обдукција. Од таму се чекаат резултатите кои треба да го дадат одговорот која е причината за смрта на ова 23 годишно момче.

Ако истаргата потврди дека Адил е убиен, тогаш ова ќе биде трето убиство годинава во Велес. Анкетираните велешани велат- стравуваме за сопствената безбедност.

„Не е баш добро... И безбедна и небезбедна сега е страшно да кажам, еве што се прави, слушаме на сите страни... Има секаков народ, треба повеќе внимавање, има и добри и лоши луѓе меѓу нас, но сепак сум безбедна...“, велат анкетираните велешани.

Според статистиката на МВР, минатата година во Македонија се случиле 20 убиста, 12 од нив биле сторени со огнено оружје, 3 со ладно, 2 со физичка сила и 3 убиства со употрба на тврт предмет.

До декември оваа година во Македонија се случиле 24 убиста во кои животот згаснал на 32 лица.

 

Дијана Иванова