НУБ „Св. Климент Охридски“ доби државен орден
Пред патрониот празник и по повод 70-годишниот јубилеј Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ доби државен орден. Беше отворена и изложба на дел од богатството на оваа институција...

Библиотеката е место за слобода на мислата, изразувањето и творештвото. Таа е простор што создава луѓе со отворен ум кои не им робуваат на авторитетите, туку го користат знаењето за сами да владеат со себе, порача претседателот Иванов.
Директорот на оваа институција, Иван Заров, вели дека за децениското постоење и градење се заслужни генерации интелектуалци.
НУБ „Св. Климент Охридски“ е формирана на 23 ноември 1944 -та. По повод 70-годишниот јубилеј и патронатот, беше отворена и изложба на дел од богатството на Библиотеката: старословенски, ориентални и современи ракописи, музички композиции и стари карти.
Лидија Чакар
