Повик за доделување субвенции за нови авиолинии од Македонија
05.12.2014 17:23
Услов е авикомпанијата во 2013-та да има остварено профит од најмалку 25 милиони евра и да има превезено најмалку 10 милиони патници.

Авиокомпаниите кои сакаат да користат субвенции од Владата за да отворат нови линии од аеродромите во Скопје и Охрид може да достават барања до 26-ти месецов до Министерството за транспорт и врски.
Услов е авикомпанијата во 2013-та да има остварено профит од најмалку 25 милиони евра и да има превезено најмалку 10 милиони патници.
Новите линии што ќе ги отвори авиокомпанијата, според владиниот конкурс, треба да ја поврзуваат земјава со Пиринејскиот и Скандинавскиот полуостров, но и со континентална Европа, но истовремено новите дестинации да не биле опслужени со редовен превоз во последните две ИАТА сезони.
