За две години откриени 2.010 кражби на струја

05.12.2014 18:00

За 10 месеци од 2014 се откриени 820 случаи на незаконско користење струја. Најчесто директно се краде или пак се манипулираат броилата...

За две години екипите на ЕВН Македонија и полицијата откриле 2.010 кражби на електрична енергија. Од нив во 179 случаи тоа се фирми, а остатокот се домаќинства.

Сите добиле кривични пријави, а дел од нив и судска развршница.

За 10 месеци од 2014 се откриени 820 случаи на незаконско користење струја. Најчесто директно се краде или пак се манипулираат броилата.

На листата на градови најмногу фатени кражби има во Скопје- 211, Струмица - 143, Прилеп-  83 и во Тетово- 73.

Годинава судовите изрекле 280 пресуди, а во 9 случаи граѓаните добиле казна затвор од 1 година.

Свето Николовски