„Човекот кој го изеде светот“ вечерва премиерно во Драмски театар

05.12.2014 19:03

Приказна за изневерени очекувања, за неносење со одговорности, за стравот од соочување со себе и стореното...

Вечерва во Драмскиот театар премиерно ќе биде изведена претставата „Човекот кој го изеде светот“ по текст на германскиот автор  Нис Моме Штокман во режија на Билјана Радиноска.

И овој пат проверена актерска екипа. Главната улога, Бизнисменот xxxх го игра Игор Стојчевски, а во актерската екипа се и Диме Илиев и Билјана Драгичевиќ Пројковска.

Приказна за изневерени очекувања, за неносење со одговорности, за стравот од соочување со себе и стореното.

Во тој свет еден човек проголтува туѓи сништа, проголтува иднина, јаде ветувања, истакнува Радиноска за текстот кој го поставува на сцената на Драмски.