Поплавени куќи и земјоделски посеви во општина Липково

06.12.2014 11:54

Регионалниот центар за управување со кризи информира дека реката Слупчанка поплавила подрумски простории на околу 10-тина куќи во селото Опае...

Врнежите од дожд што во текот на ноќта го зафатија кумановско предизвикаа излевање на реките Слупчанка и Матејчанка.
 
Регионалниот центар за управување со кризи информира дека реката Слупчанка поплавила подрумски простории на околу 10-тина куќи во селото Опае и оти во моментот се преземаат мерки за санирање на последиците. Оттаму додаваат дека излеаната вода почнала да се повлекува. 
 
Покрај реката Слупчанка, од своето корито се излеала и реката Матејчанка поплавувајќи обработливи земјоделски површини. 
 
Синоќа на подрачјето на Куманово наврнале 14,8 литри дожд на метар квадратен.