Државата продава земјиште за Филмски град во Зелениково

06.12.2014 12:46

Јавното наддавање ќе се одржи на 6-ти февруари на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 2 февруари.

Во општина Зелениково ќе никнеФфилмски град. Министерството за транспорт и врски објави дека државно неизградено земјиште во оваа општина ќе се продава по пат на електронско јавно наддавање со цел - изградба на Филмски град.
 
Во објавата на Министерството стои дека градежната парцела е со површина од 157.276 метри квадратни, а почетната цена на јавното наддавање ќе изнесува 110 денари за метар квадратен.
 
Јавното наддавање ќе се одржи на 6-ти февруари на интернет-страницата www.gradezno-zemjiste.mk, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 2 февруари.
 
Најповолниот понудувач ќе треба да изгради едно големо и едно средно филмско студио, четири објекти за сместување на филмската техника и реквизити, за аудио и видео продукција и една административна зграда.
 
Право на учество имаат домашни и странски физички лица и компании.