Иванов ја поддржа кампањата против насилството врз жените

06.12.2014 14:40

Во пораката што денеска ја објави неговиот Кабинет, претседателот Иванов истакнува дека жената е столбот на семејството и нераздвоен дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во Македонија...

Претседателот Ѓорге Иванов ја поддржа меѓународната кампања против насилството врз жените и девојчињата „Обој го светот во портокалово за 16 дена“.
 
Во пораката што денеска ја објави неговиот Кабинет, претседателот Иванов истакнува дека жената е столбот на семејството и нераздвоен дел од политичкиот, општествениот, економскиот и културниот живот во Македонија.
 
Должни сме да го почитуваме и унапредуваме правото на жената да се образува, да го живее својот живот и да ги подига своите деца со љубов, сигурност и достоинство. Достојниот маж, сопруг и татко се бори против сите форми на дискриминација на жената, против неправдата, насилството и угнетеноста. Како Претседател, но и како сопруг, сакам да ги повикам младите и старите, мажите и жените, јавните личности и невладиниот сектор активно да се вклучат во кампањата која повикува за Стоп на насилството врз жената – СЕГА!, се вели во пораката.
 
Иванов ги повикува сите заедно да го мобилизираат јавното мислење, да ги охрабрат онеправданите и заеднички да се застае против дискриминацијата врз жените.