Притвор за двајца малолетници кои краделе од возила

06.12.2014 13:46

Кривичните дела пријавените ги извршиле од 20-ти до 24 ноември во доцните вечерни часови во скопската општина Центар...

Притвор од 30 дена добија двајца малолетници од Скопје М.Р. (15) и Е.Р. (16) осомничени за вкупно 22  тешки кражби, кражби и кражби во обид. 
 
Кривичните дела пријавените ги извршиле од 20-ти до 24 ноември во доцните вечерни часови во скопската општина Центар. Тринаесет ги извршиле на ул.„50-та Дивизија“, три на ул. „Отон Жупанчич“ и по две на улиците „Јордан Мијалков“, „Коле Неделковски“ и „8-ма Ударна бригада“.
 
Тие ги отворале влезните врати од зградите со шрафцигер и слегувале во подземна гаража каде што ги отворале паркираните возила. Првопријавениот го кршел стаклото на вратите, правел отвор низ кој се протнувал во возилото каде пребарувал, но не одземал ништо. Потоа без да бидат забележани двајцата го напуштале местото и се упатувале кон соседната зграда.