Евакуирани 600.000 луѓе на Филипините поради тајфунот Хагупит
06.12.2014 12:21
Метеоролозите предвидуваат дека централниот дел на островскиот архипелаг би можел да биде погоден од тајфунот до крајот на денешниот ден или утре изутрина...

Источниот дел на Филипините го зафатија поројни дождови и силни ветрови, а поради тајфунот Хагупит денеска се откажани 177 внатрешни летови, додека од островите Самар и Лусон досега се евакуирани околу 600.000 луѓе.
Според податоците на филипинските авиокомпании, бројот на откажаните летови може да биде и поголем во следните денови, зависно од јачината на стихијата.
Метеоролозите предвидуваат дека централниот дел на островскиот архипелаг би можел да биде погоден од тајфунот до крајот на денешниот ден или утре изутрина, кога височината на брановите се очекува да достигне 4,5 метри.
Според последните податоци, брзината на ветрот во центарот изнесува 50 метри во секунда со налети кои надминуваат 70 метри во секунда.
