Христијаните од Пакистан протестираат во Брисел
Во Пакистан живеат над 2 милиони христијани и преставуваат втора доминанта верска заедница во државата, па сепак од 1973-ма трпат насилства и угнетување до нивно целосно елиминирање...

„Татко, ти се обраќаме тебе за промена, веруваме во тебе за да направиш пробив, татко, и за оние кои крварат во Пакистан и во средниот исток, молиме за промена, го предаваме животот во твои раце, молиме за оние кои се осудени на смрт и кои се во затвор. Молиме за оние кои живеат во страв“. Ова е дел од молитвата на група Христијани од Пакистан кои протестираа пред пакистанската амбасада во Брисел, поради најновиот случај на насилство и дивјачко убивање, само поради различната вера.
„Двајца млади луѓе , брачен пар, беа живи запалени, жената беше бремена. Беа обвинети за богохулење, дека ја омаловажиле круната. Во Пакистан тоа е толку лажен, искривен обичај, за да набедиш некој дека кажал нешто против Мухамед, и потоа добиваш смртна казна“, изјави претседателот на пакистанската заедница, Латиф Бхати.
Во Пакистан живеат над 2 милиони христијани и преставуваат втора доминанта верска заедница во државата, па сепак од 1973-ма трпат насилства и угнетување до нивно целосно елиминирање.
„Има силување, киднапирање, млади девојки се силувани и приморани да ја променат верата, да преминат во ислам. Во Пакистан немаме правда, немаме полициска заштита“, додава Бхати.
Тие досега неколку пати имале средби и дебати со европските пратеници, а вчера предадоа и петиција со над 40.000 потписи за ослободување на современата икона Асиа Абиби која помина повеќе од 10 години во затвор под лажно обвинување за богохулење.
Ова не е прв пат Христијаните од Пакистан да протестираат во европската престолнина. Нивна цел е правдата и вистината да допрат до европските претставници.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
