Животните во битолската Зоолошка добија современи живеалишта
Поголем дел од животните во битолската Зоолошка градина ќе живеат во живеалишта што ги исполнуваат условите на „ЕАЗА“. Со успешно реализираниот проект за прекугранична соработка со Лерин надминати се досегашните лоши услови, а посетителите ќе имаат подобри и побезбедни услови за запознавање со животинскиот свет. Од доделените 1,2 милиони евра, 700 илјади искористи Зоолошката градина...

Поголем дел од животните во битолската зоолошка градина ќе живеат во услови според европските стандарди. Реновираните десет објекти ќе бидат вистинка мамка, но и отворена училница за најмладите.
„Бев честа гостинка на зоолошката, но сега во вакви услови ќе доаѓам уште почесто“, вели младата Андреја Емковска.
„Ми се допаѓат новите живеалишта, ќе можам поубаво да го запознам животинскиот свет“, вели Ева Царковска.
„Сите ми се допаднаа, животните се заштитени, а јас се чувствувам побезбедно“, вели нивната другарка Ема Ташковска.
Проектот „ЗОО Иноватива“ се релизира со европси пари и соработка со соседната општина Лерин. Од фондовите за прекугранична соработка беа доделени 1,2 милини евра.
„700 илјади евра беа за македонската страна, од нив над половина милион евра беа директно вложени во овие живеалишта. Мислам дека максимално паметно ги искористивме средствата“, вели носителот на проектот, директорката на Центарот за развој на пелагонискиот регион, Емилија Геровска.
„Ние сме исклучително задоволни што видовме добро менаџирање на средствата затоа што тоа се пари на европските даночници“, рече претставникот на Европската унија, Робин Лидл.
Битола е една од водечките општини што искористила средства за проекти за прекугранична соработка и придонесува да се чувствува европскиот дух.
„Ова е само еден од 159-те проекти реализирани од ИПА програмата на ЕУ, а вкупната вредност изнесува околу 16 милиони евра“, вели заменик министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов.
Единствената зоолошка градина во внатрешноста на земјава беше една од првате установа која со децентрализацијата беше пренесена на локално ниво, и очајна состојба за намената која треба да ја остварува
Стевче Митревски
