Зимување: Агенциите преплавени со понуди, граѓаните чекаат последен момент

06.12.2014 17:28

За зимување, посакувана соседна Бугарија, за нова година некој ќе се почести со Дубаи – во туристичките агенции во полн ек е продажбата на аранжманите. Дел од граѓаните што ги анкетиравме велат дека се уште го пребројуваат домашниот буџет...

Агенциите преплавени со понуди за зимување. Ѓраѓаните го пребројуваат домашниот буџет. Некои годинава нема да заминат на скијање, други велат дека се уште е рано. Оние што планираат да уживаат на снег, нивниот избор е Банско бидејќи таму престојот е најевтин.

Цени има за секого, од 15 евра на ден па нагоре. Се нудат раскошни хотели, полупансиони и попусти за деца. Од туристичките агенции велат дека и оние зимски дестинации кои не беа по мерка на нашиот џеб, сега се подостапни.

Но, и натаму се чека последен момент за резервации. Најмногу аранжмани се продаваат за зимскиот распуст.

Македонците најчесто одат на пет или на седумдневен зимски одмор, а има и такви што ги користат викендите за престој на снег.

Ако едно просечно четиричлено македонско семејство сака да оди на зимување мора да одвои од 800 до 1.000 евра. Со ова ќе ги покрие трошоците за престој во хотел и за специјалната зимска облека која е доста скапа.

 

Сунчица Николовска