Блажевски нема “милост“ кон рекордите – 4 од 4 !!!
По подобрувањето на македонските рекорди на 200 метри слободно, на 200 и на 400 мешано ова е вкупно четврти рекорд на најдобриот македонски пливач за само 4 дена...

Марко Блажевски во трката на 100 мeшано исплива за 55 секунди и 98 стотинки , со што го собори досегашниот државен рекорд на Aлександар Милaдинoвски за секунда и 22 стотинки кој беше поставен во 2002 година. Нашиот репрезентативец беше 2 вo својата група или вкупно 42 пласиран во конкуренција на 92 натпреварувачи. По подобрувањето на македонските рекорди на 200 метри слободно, на 200 и на 400 мешано ова е вкупно четврти рекорд на најдобриот македонски пливач за само 4 дена. Настапите за паметење на С П во водите на “Хамад Акватик“во Доха Блажевски ќе ги заврши утре, кога ќе атакува кон петтиот рекорд на 200 метри делфин.
Утре во последниот ден на шампионатот на 25 метарски базени Горазд Чепишевски ќе оди на “хет трик“ рекордни остварувања, со настапот на 100 метри грбно. Доколку тандемот македонски пливачи ги оствари амбициите, комбинирано би имале 8 државни рекорди во исто толку трки на мундијалот.
