Пораз за крај
Ниту победа немаше да смени ништо откако по трите порази нашите ракометрки ги загубија шансите за пласман во бараж-двомечите за настап на светското првенство во Данска...

Нов 4-ти пораз, втор од Исланд за нашата женска ракометна селекција со 22-28 во квалификациите за мундијалот во Данска.
Ниту победа немаше да смени ништо откако по трите порази нашите ракометрки ги загубија шансите за пласман во бараж-двомечите за настап на светското првенство во Данска. И покрај демонстрираната желба кај нашите ракометарки вечерва во Кале достојно да се простат од неуспешниот квалификациски циклус се покажа дека Исланд сепак е
поквалитетна селекција и заслужено со 4 победи во исто толку натпревари,по две против Италија и Македонија ќе ја очекува ждрепката за јунските плеј-оф дуели.
Само 10-тина минути на почетокот нашите ракометарки имаа водство за потоа до крајот Исланд да ја преземе максималната контрола и на моменти да води и со 7 разлика.Искра надеж беше минималната негатива од 1 гол на полувремето, но со нова серија островјанките и без својата најдобра ракометарка Кнутсдотир го вратија водството и забележаа рутинска победа. Десподовка беше нејефикасна во нашиот состав со 6 погодоци,исто толку за Исланд постигна Палсдотир, а значаен удел во победата имаше и одличната на голот Станциу со 10 интервенции.
