Вардар победоносно и во Русија, за сигурен пласман во осминафиналето

06.12.2014 22:21

Во второто полувреме рускиот шампион успеа да израмни па дури и да поведе, но со серијата на Абутовиќ Тоскиќ и Дибиров за 33 : 30 Вардар влезе со предност во завршните десетина минути...

Во меч од “Ц“ групата, Вардар беше вторпат поуспешен од Чеховски Медведи, овојпат со 39 : 34 на гости. Во текот на целиот натпревар Вардар имаше резултатска контрола, а победата ја најавија уште во првите 30 минути кога водеа со 19 : 16. Во второто полувреме рускиот шампион успеа да израмни па дури и да поведе, но со серијата на Абутовиќ Тоскиќ и Дибиров за 33 : 30 Вардар влезе со предност во завршните десетина минути.

Тоа беше најава за помирна завршница во која ја одиграа рутински и се изборија за убедливи 39 : 34 што е нивна 5 победа за втор едноподруго пласман во нокаут фазата. Најефикасен кај победникот беше Карачиќ со 8 гола, Тоскиќ и Горбок постигнаа по 6 а Дибиров и Душебаев по 5 погодоци. Кај домашните се истакнаа Деревен со 13 и Житников со 8 гола.