Линдзи Вон одново победнички јава
Со денешното возење таа потврди дека дефинитивно се враќа во светскиот врв...

Линзи Вон ги остави повредите зад себе, но и ривалките. Таа одново победнички „јава“ на белите патеки.Извонредната американска скијачка беше најбрза на денешниот спуст во кандскиот зимски центар Лејк Луис. Фантастично ја извозе селективната патека, а нејзиниот резултат од 1:50.42 беше недофатлив за конкурентките. Ова беше 60-та победа за Вон во трките за Светскиот куп, а 30-та во спуст. Последната ја извојува во 2013 година во Марибор, по што и се случија неколку тешки повреди поради кои долго време беше надвор од скијањето. Со денешното возење таа потврди дека дефинитивно се враќа во светскиот врв. Инаку, беше триумфален ден за Американките. Постигнаа тројна победа! Втора на целта мина Стеси Кук со заостанување од 49 стотинки, а трета Џулија Манкузо со 57 стотинки послаб резултат. Утре скијачките одново ќе стартуваат во Лејк Луис на патеката за супервелеслалом.
Северно-американската турнеа денеска ја продолжија и најдобрите светски скијачи. На падините на Бивер Крик се возеше супервелеслалом, со одлична трка на австрискиот скијачки ветеран Хенес Рајхелт. Тој ја извојува 8-та победа во кариерата во Светскиот Куп. Времето на целта на 34 годишниот Австриец беше 1:12.78. Специјалистот за „супер –џи“ за 52 стотинки беше побрз од главниот фаворит, Норвежанецот Кјетил Јансруд. Изненадувачки добро возење имаше Французинот Алексис Пантуро.Мајсторот за слалом и велеслалом се искажа и на побрзата патека. Се искачи на подиумот како трет. После 6 трки, во генерален пласман води Кјетил Јансруд со 316 бодови. Утре американската турнеа завршува со новиот машки супервелеслалом.
