Фудбал

Ренова го елиминира Вардар, Работнички се реваншира со камата на Еуромилк

06.12.2014 23:54

По првото полувреме во кое мрежите мируваа, стрелци беа Емини и Мециновиќ во второто, по што тимот на Ренова се пласира меѓу најдобрите четири...

Екипата на Ренова ја анулира негативата против Вардар и славеше со 2 :0 во реваншот од четвртфиналето на фудбалскито куп на Македонија. По првото полувреме во кое мрежите мируваа, стрелци беа  Емини и Мециновиќ во второто, по што тимот на Ренова се пласира меѓу  најдобрите четири благодарение на голот на гости во поразот од 1 :3.

Работнички го победи Еуромилк 3 : 1 и му се реваншира на второлигашот за поразот од 2 : 3. Уште во првото полувреме  Стојков, Чурлинов, Алтипармаковски создадоа висока предност која гостите од Горно Лисиче до крајот ја намалија преку Мојсовски. Со тоа Ренова и Работнички им се приклучија на Тетекс и Турново, кои завчера славеа убедливи победи над второлигашите Миравци и Дрита.