Стотици туристи евакуирани во Австралија
02.01.2014 10:45
Израел
Влошена здравствената состојба на поранешниот израелски премиер Ариел Шарон, кој е во кома од 2006 година. 85-годишниот Шарон беше премиер на Израел од 2001 кога доживеа мозочен удар, и оттогаш е во кома. Шарон е професионален војник на израелската армија кој учествувал во три израелско-арапски војни. Целиот свој работен век како премиер Шарон го помина работејќи на политиката за постигнување мир со Палестинците.
Могадишу

Најмалку 11 луѓе загинаа, а 17 се ранети во три последователни експлозии на автомобили-бомби во близина на хотелот „Џазира„ во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според локалните безбедносни сили, повеќето од жртвите се војници. Во хотелот, кој повеќепати е цел на напади, најчесто отседнувале високи владини функционери. Одговорноста за нападите ја презеде исламистичката група Ал Шабаб.
Киев
Одбележана 105-годишнината од раѓањето на контроверзниот украински политичар Степан Бандера. Со факели во рацете околу 15 илјади Украинци беа дел од поворката во чест на Бандера, кого едни го слават како водач на движењето за ослободување на Украина, а други го презираат како соработник на нацистите. Митинзи на приврзаниците на Бандера се одржаа во повеќе украински градови. Претседателот Виктор Јушченко постхумно го одликува со орден Украински херој, при што предизвика критика од еврејските и руските групи.
Австралија
Голем шумски пожар во Квинсленд. Евакуирани се стотици туристи. Екипи на противножарната служба се борат со пламените јазици, но огнот е надвор од контрола. Се уште е активен и пожарот на островот Страдброук, каде што беа евакуирани над 900 кампери, откако огнените пламени се прошириле до плажите.
Марија Петковска