Млад кумановец се бори за живот по сообраќајката кај Стаклара

07.12.2014 12:29

До сообраќајната несреќа дошло при судир на патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистерски таблички кое го управувал младиот возач и автомобил „Пасат“ со скопски таблички.

На скопските Клиники за живот се бори 24 годишниот Д.К. од Куманово, кој се здоби со тешки повреди во сообраќајната несреќа која синоќа се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во близина на Стаклара.
 
До сообраќајната несреќа дошло при судир на патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистерски таблички кое го управувал младиот возач и автомобил „Пасат“ со скопски таблички.
 
Полесно повредени се возачот на „Пасатот“ М.К. (42) и неговата сопруга Љ.К. на кои лекарска помош им била укажана во Градската општа болница.
 
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.