Неформално образование и вработување на лицата со попреченост

07.12.2014 13:55

Лицата со попречност имаат дарба, талент и можности кои треба да се откријат и развиваат. Нивните способности и креација можат да дојдат до израз преку многу работа и труд со нив, а тоа е клучното за водење нормален социјален живот, велат стручните лица...

Поголема вклученост  во општествениот живот на лицата со попреченост и искористување на нивните капацитети преку работно ангажирање ќе биде корисно и за самите лица и за заедницата, порачуваат родителите на овие лица.

„Треба да се вклучат сите образованието, културата, здравството и сите останати институции  и да помогнат за да може овие лица да си ги остварат своите права“, вели Благица Димитриевска родител на лице со пореченост.

Лицата со попречност имаат дарба, талент и можности кои треба да се откријат и развиваат. Нивните способности и креација можат да дојдат до израз преку многу работа и труд со нив, а тоа е клучното за водење нормален социјален живот, велат стручните лица.

„Треба бидеме свесни дека нема посебни, сите сме исти и сите имаме право на се. Сите сме исти само е потребна работа и мала помош за да тоа биде така и за овие лицата“, вели Иво Благојевиќ, дефектолог.

УНДП, заедно со институциите и локалните чинители реализира проект за неформално образование и вработување на лица со умерена попреченост и инвалидност. Целта е да се подигне свеста кај работодавачите и да им се даде можност на овие лица да се почувствуваат еднакви во општеството.

„Овдека видовме услуги, кои можат да се искористат и да бидат од бенефит и за овие лица и за вработените и воопшто за сите жители на дадена Општина“, изјави Луиза Винтон од УНДП.

Во северо-источниот регион има регистриарно над 900 лица со попреченост.

 

Габриела Димковиќ