Грчката престолнина повторно во пламен: Молотови коктели и солзавец на атинските улици
Грчката полиција од една страна со солзавец и водени топови се обидуваше да ја растера толпата од близу шест илјади лица, која што од другата страна, револтот го искажуваше со молотови коктели, со камења и со вандализирање на продавници и други објекти...

Грчката престолнина вчера повторно беше во пламен, јавува дописникот на МРТ од Атина. И оваа шестта по ред годишнина од убиството на 16 годишниот Александрос Григоропулос од страна на грчката полиција беше одбележана со насилни протести.
Грчката полиција од една страна со солзавец и водени топови се обидуваше да ја растера толпата од близу шест илјади лица, која што од другата страна, револтот го искажуваше со молотови коктели, со камења и со вандализирање на продавници и други објекти.
На местото каде што беше убиен Григропулос пак, беа оставени илјадници рози и пораки. “ Го оставам ова црвено цвеќе, црвено како твојата крв што течеше по овој тротоар”, беше напишано на една од пораките.
Освен одбележувањето на шестгодишнината од убиството на тинејџерот, целта на протестот оваа година беше проширена и во знак на солидарност со 21 годишниот Никос Романос, анархист и сведок на убиството во 2008 ма. Тој од октомври годинава ослужува затворска казна поради грабеж, но од 10 ти ноември штрајкува со глад поради поради тоа што не му се исполнува барањето да следи универзитетски студии додека е во затворот. Според последните информации, тој се наоѓа во критична здравствена состојба.
Нередите во Атина завршија со близу 200 приведени лица, а протести и судири со полицијата имаше и во Солун.
Убиството на Младиот Грк во атинската населба Егзархија, што се случи на 6 ти декември 2008 ма та, тогаш беше проследено со двонеделни нереди и протести низ цела Грција.
Марија Котовска – постојан дописник на МРТ од Атина
